Достапни линкови

ЕУ бара од Џонсон да престане да глуми дека преговара за Брегзит


Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, му порача на британскиот премиер Борис Џонсон да престане да се преправа дека преговара за договор за Брегзит. Изјавата доаѓа по извештаите дека предлозите донесени во Брисел од страна на британските преговарачи се всушност дел од стариот договор, при што делот за ирскиот „Бекстоп“ бил едноставно прецртан во текстот.

Речиси три години по референдумот во Велика Британија за напуштање на ЕУ, мислам дека не треба да трошиме повеќе време, преправајќи се дека преговараме. Мислам дека треба одлучно да да продолжиме напред, изјави Барние пред Европскиот парламент, објавија новинските агенции.

XS
SM
MD
LG