Достапни линкови

Ние сме со пациентите, но ако не запре насилството, нема да работиме


Протест на лекарите и медицинскиот персонал поради насилството врз нив

На денешниот протест поради насилството врз нив, лекарите и медицинскиот персонал им порачаа на пациентите да престанат да ги тепаат, дека прават се што можат за нив, дека проблемот е системски и дека ако не се решат клучните прашања и не запре насилството, докторите нема да работат.

Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари потенцираше дека се оградуваат од секакви политички елити, дека насилството врз лекарите мора да престане веднаш и дека е ова последно предупредување.

„Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Долги години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите. Ќе престанеме да работиме се додека овие прашања не бидат решени“, рече Лазаров на протестот во кругот на скопскиот Клинички центар.

XS
SM
MD
LG