Достапни линкови

Хоџај: Пацоли го доведе во прашање признавањето на Косово


Парламентот на Косово

Вицепремиерот на Косово и поранешен министер за надворешни работи, Енвер Хоџај изјави дека „српската и руската кампања“ за повлекување на признавањето на Косово е овозможена од „незнаењето и немањето стратегија“ на шефот на дипломатијата на Косово, Беџет Пацоли. „Јас го напуштив Министерството за надворешни работи со 114 признавања. Сепак, со Пацоли како министер, беше доведено во прашање признавањето на двоцифрен број земји. Незнаењето и недостатокот на стратегија од министерот Пацоли во голема мерка ја олеснија кампањата на Србија и Русија против Косово, наведе Хоџај на својот профил на Фејсбук. Хоџај претходно изјави дека 13 држави го повлекле признавањето на независноста на Косово и дека има „веродостојни информации“ дека уште десет земји можат да донесат иста одлука.

XS
SM
MD
LG