Достапни линкови

Руски граничари нападнати од севернокорејски ловокрадци


Руските власти соопштија дека тројца руски граничари се ранети од страна на вооружени севернкорејски ловокрадци кои нелегално ловеле во руски води.

Руската федералната служба за безбедност денеска соопшти дека инцидентот се случил откако граничарите наишле на два севернокорејски едреници и 11 глисери кои пловеле во руските територијални води на Јапонското Море.

Од екипажот на еден од едрениците ги нападнале граничарите кои се качиле на бродот. Тројцата руски граничари имале повреди од различен степен, соопштуваат руските власти.

По инцидентот биле приведени севернокорејските државјани, пренесуваат руските новински агенции.

Руското Министерство за надворешни работи реагирало до севернокорејските власти, изразувајќи „сериозна загриженост“.

Руската крајбрежна стража честопати приведуваат рибари од Северна Кореја на Далечниот исток, а на некои од нив им е одредена затворска казна.

XS
SM
MD
LG