Достапни линкови

Седница на Влада - Нова стратегија за одбрана и антикорупциска едукација во школите


Седница на Владата

Владата усвои нацрт стратегија за одбрана, соопштуваат од владината прес- служба. На денешната седница, Владата го задолжила Министерството за одбрана во рок од седум дена од усвојувањето на информацијата да ја достави Стратегијата за одбрана до претседателот Стево Пендаровски за нејзино донесување.

Тековната Стратегија за одбрана е донесена во 2010 година, а како резултат на безбедносната динамика, современите безбедносни закани и предизвици, но и како резултат на променетиот статус на земјава во меѓународни рамки, Министерството за одбрана изготви нацрт на нова Стратегија за одбрана во која ги идентификува одликите на современото безбедносно опкружување, стои во соопштението. На денешната седница е утврден и Предлог-закон за класифицирани информации со кој се уредува системот за заштита на класифицирани информации и се овозможува одржување на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ.

Владата донесе Предлог одлуки за испраќање војници во мировните мисии во Авганистан и во БиХ.На седницата е донесена и одлука за препораки до училиштата до воведат антикорупциски содржини во своите годишни програми.

XS
SM
MD
LG