Достапни линкови

Гори околу прилепскиот манастир „Свети Димитрија“, пожарот го гаснат и два канадери


Стотина пожарникари и доброволци се борат со пожарот кој избувна по 12 часот во околината на манастирот „Свети Димитирија“ кај прилепското село Селце. Во моментов со големи напори со пожарот се борат пожарникарите и доброволците, а гаснат и два авиона – канадери. Горат преку 15 хектари нискостеблеста и борова шума.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој веднаш пристигна во манастирот „Свети Димитрија“, за пожарот веднаш се реагирало и се побара авионска поддршка во гаснењето преку Дирекцијата за спасување и Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG