Достапни линкови

Џафери го добил предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за испитување на СЈО


Архивска фотографија - Довчерашната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Собрание.

До претседателот на Собранието, Талат Џафери пристигна предлог одуката од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО, соопштуваат собраниските служби. Џафери откако го примил предлогот го ставил во процедура. Дополнително ќе се соопшти на која седница ќе биде ставен за разгледување.

Претходно група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднела предлог за основање Aнкетна комисија за утврдување и прекршување на законите во работењето на СЈО.

Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, „Анкетната комисија ќе треба да утврди како се трошеле 15-те милиони одвоени од буџетот за СЈО, како сега веќе разрешената специјална обвинителка Катица Јанева давала наредби од притвор, дали примањата во СЈО биле сразмерни со учинокот, како и тоа како се трошеле донации од странски амбасади“.

Портпаролот и пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарски прашања, за оваа тема рече дека е неприфатливо работата на СЈО да ја разгледуваат осомничени лица во предмети на СЈО.

XS
SM
MD
LG