Достапни линкови

Фетаи и Бубевски ќе продолжат да го застапуваат „Монструм“


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдуваат за МИА извори во ЈОРСМ.

Судењето за петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд.

Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО и ги распредели во матичните обвинителства.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се вратија во ОЈО Скопје и сега оттаму ќе го застапуваат „Монструм“.

Јовески по преземањето на предметите од СЈО најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка. Според неговите надлежности, тој може предметите од СЈО да ги распределува на обвинителите кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

XS
SM
MD
LG