Достапни линкови

За неколку месеци заедничка гранична контрола и на Ќафасан


Заедничка гранична контрола по системот One-Stop-Shop веќе работи на ГП Табановце

Министерот за економија Крешник Бектеши и албанските министри за економија и финании и за внатрешни работи, Анила Денај и Сандер Лешај, денеска во Тирана се договориле да се забрза процедурата за воведување заеднички гранични контроли со едно застанување на патниот граничен премин Ќафасан-Кафатане.

По средбата министерот Бектеши информираше дека до крајот на годината заедничката гранична контрола, позната како One-Stop-Shop, ќе биде воспоставена и на граничниот премин Ќафасан.

Неодамна One-Stop-Shop системот беше воведен и на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.

XS
SM
MD
LG