Достапни линкови

Јанева побара да ѝ се укине притворот, нуди гаранција во недвижен имот


Ирена Фрчковска, адвокатка на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, потврди дека барањето за укинување на мерката притвор за нејзината клиентка е доставено до Судот и дека одлуката по барањето ја очекуваат до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор.

„Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот“, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.

XS
SM
MD
LG