Достапни линкови

Туск: Македонија си го заврши своето, на ред е ЕУ


Премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, порача дека Северна Македонија си ја завршила работата и сега се на ред лидерите на ЕУ да го завршат своето.

„Во јуни јасно кажав дека земјата направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Напорите на земјата беа извонредни во последните години. Заедно ја издржавме една од најтешките миграциски кризи. Северна Македонија го помина овој тест подобро од многу членки на ЕУ. Најдовте решение на драматичните политички кризи во вашата земја. Преку вашите договори со Бугарија и Грција вие станавте шампиони на политичката зрелост во регионот. Тоа е импресивно и меѓународно признато постигнување, што не треба да биде занемарено од лидерите на ЕУ“, рече Туск.

Тој додаде дека лидерите на ЕУ, на средбата во јуни, се обврзале да донесат јасна и одржлива одлука во октомври за отворање на преговорите.

„Вашата земја во последните две години направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ и согласно со препораките на ЕК. Тоа продолжува да биде мој цврст став. Вашата земја направи се. Сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел во однос на вашата политичка обврска кон владеење на правото и борбата против корупцијата“, истакна Туск и додаде дека треба да продлжат реформите, дека ќе биде потребно многу трпение, но оти нема сомнеж дека земјата има квалитетти да го направи тоа.

Премиерот Зоран Заев изрази благодарност за поддршката во текот на целиот мандат на Туск.

„Наша заедничка желба е во периодот до следната седница на Европскиот совет ова заендичко пријателство да го крунисаме со заеднички успех во октомври. Заеднички, затоа што е заеднички интерес и на Северна Македонија и на ЕУ. Ова е период од најголема важност за постигнување на стратешките цели на нашата земја со долгорочно и суштинско значење за нашите граѓани“, изјави Заев и додаде дека по 10 препораки од ЕУ и постигнатите рзулати, е убеден дека земјата е подготвена да ги совлада предизвизите кои доаѓаат со отворањето на преговорите.

XS
SM
MD
LG