Достапни линкови

Пендаровски - Туск: Македонија заслужува европска иднина


Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на која биле разменети мислења за севкупните состојби во земјата и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија, информираа од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека Северна Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања, вклучувајќи ја Преспанската спогодба со Република Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, и дека спровела суштински и темелни реформи во многу клучни области, со што ја потврди својата посветеност на евроинтегративниот процес.

На средбата, Пендаровски изразил, очекување дека Европскиот Совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува десетата препорака на Европската Комисија преку одредување на датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија.

XS
SM
MD
LG