Достапни линкови

Хамнеи: Иран никогаш нема да преговара со САД


Aјатолахот Али Хамнеи

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Иран никогаш нема да преговара со САД и дека „политиката на Вашингтон темелена на максимален притисок врз Техеран“ ќе пропадне.

Иранските власти вчера соопштија дека нема да има состанок меѓу иранскиот претседател Хасан Рохани и неговиот американски колега Доналд Трамп на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк, откако Белата куќа во неделата ја остави отворена можноста за потенцијална средба на лидерите.

„Таков настан не е на нашиот дневен ред, нити ќе се случи. Таква средба нема да се одржи“, изјави портпаорлот на иранското МНР, Абас Мусави за државната телевизија.

XS
SM
MD
LG