Достапни линкови

Русија, Иран и Турција договорија уставна комисија за Сирија


Лидерите на Русија, Иран и Турција Владимир Путин, Хасан Рохани и Реџеп Таип Ердоган во Анкара

Лидерите на Русија, Иран и Турција објавија дека договориле формирање комисија задолжена за измена на сирскиот устав како дел од политичкото решение за граѓанската војна во таа земја која трае веќе девет години. Реџеп Таип Ердоган на крајот од состанокот со Владимир Путин и Хасан Рохани во Анкара им изјави на новинарите дека биле надминати и последните пречки за формирањето на комисијата. Русија и Иран му се клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Турција ги поддржува бунтовниците кои сакаат да го соборат. Устанвана комисија ќе биде составена од претставници на власта, опозицијата и независни експерти.

XS
SM
MD
LG