Достапни линкови

Грција бара предвремена отплата на дел од долгот кон ММФ


ММФ

Грчкиот министер за финансии Христос Стајкурас изјави дека побарал од европските доверители да одобрат предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Тој рече дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра. Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош. Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.

XS
SM
MD
LG