Достапни линкови

Бабиш: наскоро за чешкото повлекување на признавањето на Косово


Чешкиот премиер Андреј Бабиш

Чешкиот премиер Андреј Бабиш на неформалниот состанок со претседателот Милош Земан разговарал за идејата на Земан Чешка да го повлече признавањето на Косово. Тој по состанокот изјави дека како премиер не може сам да решава за тоа прашање. „Ќе го решаваме тоа на состанок за координирање на надворешната политика. Таму ќе бидат министрите за надворешни и внатрешни работи, претседателот на Сенатот, претседателот на Претставничкиот дом. Тоа ќе биде размена на мислења со другите колеги од владата“, рече Бабиш. Тој пред една недела изјави дека не гледа причина Чешка да ја менува политиката и да го повлекува признавањето на Косово од 2008 година.

XS
SM
MD
LG