Достапни линкови

Доналд Туск денеска во Скопје


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. Туск, како што информираа од Владата, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во Владата. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври. Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

XS
SM
MD
LG