Достапни линкови

Најмалку осум загинати во Авганистан, меѓу нив и американски војник


Американски војници во Авганистан.

Еден американски војник и седум Авганистанци се убиени во Авганистан денеска, кога во речиси една третина во земјата нема електрична енегрија. Од Мисијата за мировна поддршка, соопштија дека војникот е убиен во акција, без да дадат дополнителни детали. Со последниот случај, бројката на убиени американски војници годинава достигна 17 војници. Претходно, авганистанските власти соопштија дека најмалку седум лица загинале во одделни напади. Смртните случаи доаѓаат околу една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп нагло ги прекина разговорите за ставање крај на 18-годишниот конфликт во Авганистан, повикувајќи се на неодамнешниот напад на Талибанците во Кабул во кој загина американски војник.

Од главното комунално претпријатие за снабдување со струја соопштија дека во речиси една третина од земјата нема струја, откако викендов далноводите во провинцијата Баглан биле разнесени.

XS
SM
MD
LG