Достапни линкови

Функционерите помалку трoшеле по кафани и ресторани


Премиерот и членовите на Владата ги намалиле личните службени трошоци за 26 отсто, соопштуваат од Владата, објавувајќи го најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите. Според податоците, во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, намалени се вкупните трошоци на функционерите за 26 отсто, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати периодот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Во извештајот се опфатени личните службени трошоци на премиерот, неговите заменици, министрите и нивните заменици, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата. Во мониторираниот период од вкупните трошоци изнесуваат 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

Податоците покажуваат дека помалку пари се потрошиле за услуги во мензите, рестораните и бифеата во рамки на институциите, помалку се потрошило и за кафани и ресторани, како и за угогостителските услуги во странство.

XS
SM
MD
LG