Достапни линкови

Грција ја поддржува европската перспектива на соседите, но со исполнети критериуми


Проширувањето на ЕУ и европската перспектива на земјите од Западен Балкан била една од темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Германија и на Грција, Хајко Мас и Никос Дендиас на нивната денешна средба во Берлин, jави дописничката на МИА од Атина.

„Мојата земја, најстарата земја - членка на ЕУ во Југоисточна Европа, отсекогаш ја поддржуваше европската перспектива на нашите соседи, се разбира под предусловот од кој нема отстапување, да се исполнат критериумите и условеноста - правилата, кои секако, важеа и важат за сите нас“, рече Дендиас и додаде дека на неговиот германски колега му ја истакнал волјата на Грција да продолжи да игра улога на „столб на стабилноста и соработката во поширокиот регион“.

На средбата на двајцата шефови на дипломатиите, според Дендиас, станало збор и за напуштањето на Велика Британија на унијата, за германско грчките односи и за продлабочување на билатералната соработка, но и за бегалското прашање.

XS
SM
MD
LG