Достапни линкови

Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера


Претседателот Стево Пендаровски се сретна со членовите на Комисијата за одбрана и безбедност од Собранието.

Претседателот Стево Пендаровски позитивно ги оцени реформите во безбедносната сфера, соопштија од Кабинетот на Претседателот по средбата на Пендаровски со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. На средбата присуствуваа членови и нивни заменици од власта и од опозицијата, пракса што според претседателот Пендаровски, треба да биде на сите состаноци и средби на кои се говори за безбедноста на државата.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјата во доменот на одбраната и безбедноста, како и за состојбата во регионот.

Во контекст на безбедноста во регионот, став на државниот врв, информираше претседателот, е дека промена на границите на Балканот е опасна идеја.

XS
SM
MD
LG