Достапни линкови

Заев за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ЈО: Секој предлог е вреден за внимание


Архивска фотограгија - Скопје- средба на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски, 11.09.2019

Премиерот Зоран Заев вели дека секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание. Целта ни е да постигнеме договор, рече Заев прашан за коментар на предлог законот за Јавно обвинителство што го достави ВМРО-ДПМНЕ.

Заев вели дека не сака да води преговори преку медиумите, но оти треба убаво да се разгледа решението за воспоставување обвинителство за гонење на висока корупција.

Премиерот вели дека предлозите ќе се разгледаат низ работните групи, додавајќи дека не треба да се дозволат ситуации дека политичарите и партиите менуваат обвинители кога ќе им текне и да се договараат за нешто што е недозволиво.

Прашан дали ќе има нова лидерска средба, Заев наведе дека верува оти работните групи за законот ќе сигнализираат дали прашањето ќе се решава со или без партиските лидери.

Тој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на реновиран царински терминал во Ќафасан.

XS
SM
MD
LG