Достапни линкови

Могерини - Османи: Владеењето на правото е бенчмарк за европските интеграции


Федерика Могерини и Бујар Османи

Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата, рекол вицепремиерот Бујар Османи на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика могерини, во Брисел.

Османи и Могерини констатирале дека Владеењето на правото е континуиран бенчмарк за европските интеграции.

„Ве уверувам дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите и членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме одлуката за старт на преговорите“, рекол Османи.

XS
SM
MD
LG