Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ доставила предлог за законот за ЈО


Антонијо Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, енеска информираше дека добиле предлог од владиниот тим за законот за обвинителство, и дека, иако забележале отстапување на власта од претходниот предлог, сепак им одоговиориле со свој предлог. Милошоски очекува владиниот тим да го разгледа и до крајот на неделава да имаат средба.

„Прво сметаме дека е веќе доволно од изнаоѓање на нови хибридни решенија, како што беше она што го предложи Заев, да се подели обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на два дела со што едното обвинителство би било за висока корупција. Ние сметаме дека досегашниот стандарден модел треба да се задржи“, вели Милошоски.

Во однос на изборот, според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ предлага методологија која што ќе дадела сигурност дека нема власта да го има последниот збор.

„Тоа треба да даде сигурност дека власта нема да избере владино подобен обвинител од типот на Русковска, туку опозицијата предлага од оние кои што ќе конкурираат за тоа обнинителство една личност, доколку тој предлог не помине се повторува постапката уште еднаш, доколку теоретски и тој предлог не помине тогаш опозицијата и владејачкото мнозинство имаат можност заеднички да предложат личност до Советот на ЈО, доколку и тоа не се случи тогаш опозицијата го задржува правото да предложи тројца кандидати до Советот за ЈО кој ќе одлучи согласно високите стандарди во законот кој од нив би бил избран за обвинител за организиран криминал и корупција“, вели Милошоски.

За оваа позиција, вели Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека освен од обвинителската фела би можеле да бидат номинирани компетенти лица и од академската сфера кои што имаат соодветно искуство во кривично-правната материја мислиме пред се на професори.

XS
SM
MD
LG