Достапни линкови

Катица Јанева разрешена и од ОЈО Гевгелија


Фотографија од приведувањето на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, односно да биде разрешена и од ОЈО Гевегелија.

„СЈО и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции. Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител“, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.

Тој појасни дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно врешење на функцијата.

XS
SM
MD
LG