Достапни линкови

Борис „Хулк“ Џонсон очекува наскоро договор со ЕУ


Британскиот премиер, Борис Џонсон, верува дека во следните недели би можело да постигне договор со Европската Унија. Ова уверување го изнесе во текстот за „Дејли телеграф“ во кој истакнува дека работи на тоа, Британија да излезе од ЕУ на 31 октомври, пренесоа новинските агенции.

Претходно, во интервју за „Мејл он сандеј“, Џонсон се спореди со јунакот од стриповите - „Неверојатниот Хулк“, за да ја нагласи својата решителност да ја извади Британија од Унијата на 31 октомври. Џонсон изјави дека ќе најде начин да го заобиколи неодамна усвоениот закон во Парламентот кој го обврзува да го одложи Брегзит ако до 19 октомври не се постигне договор со ЕУ.

XS
SM
MD
LG