Достапни линкови

Такач: Проширувањето на ЕУ не сме да трпи заради Брезгит


Комесарот за Брегзит во унгарското МНР, Саболч Такач, изјави дека политиката на проширување на ЕУ не би смеела да трпи заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

„Секако дека Брегзит има негативно влијание врз проширувањето бидејќи не можеме да зборуваме за ништо друго додека не го затвориме ова прашање. Политиката на проширување не би смеела да трпи заради Брезгит“, рече Такач за ТВЦГ, пренесе МИА.

Тој изрази надеж дека новиот состав на ЕК ќе излезе со оддржлив план за проширувањето и дека е тоа „во наш заеднички интерес“. Според него, заеднички е интересот за прашањето за Брегзит да се најде вистински одговор, по можност прифатлив и за Брисел и за Лондон.

„Повеќе опции има на маса. Мислам дека е најважно тоа да биде опција прифатлива и со бенефити и за ЕУ и за Велика Британија. Се надевам дека тоа е можно. Унгарија е за фер Брегзит. најлошото сценарио е да нема договор“, изјави Такач.

XS
SM
MD
LG