Достапни линкови

Трамп: ќе одговориме на нападот врз саудиските нафтени постројки


нападот со дронови дошол од правец на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави се подготвени да одговорат на нападот од 14 септeмври со кој беше оневозможена половината од нафтeната продукција на Саудиска Арабија. „Чекаме да слушнеме од саудиското кралство да каже кој стои зад нападот и по кои услови да постапуваме“, напиша Трамп на Твитер, наведувајќи дека САД имаат сознанија за кој станува збор. Неименуван претставник на американската админситрација за Ројтерс изјавил дека нападот со дронови дошол од правец на Иран.

XS
SM
MD
LG