Достапни линкови

Претседателски избори во Тунис


Тунис- гласачите се изјаснуваат за претседател на државата, 15.09.2019

Гласачите во Тунис денеска избираат претседател на државата. Во досегашната кампања доминираа теми поврзани со економијата на земјата. Гласачките места се отворени утринава, а кандидати за претседател се актуелниот премиер Јусеф Чадед, двајца поранешни премиери, еден поранешен претседател и министерот за одбрана. Вкупно на изборите има пријавено 24 кандидати. Гласањето беше закажано откако претседателот Беџи Каид Есебси почина минатиот месец на 92 годишна возраст. Ако никој од кандидатите не успее да освои повеќе од 50 отсто од гласовите тогаш ќе се одржи втор круг гласање на 13 октомври.

XS
SM
MD
LG