Достапни линкови

Хан: Преспанскиот договор во книгите по историја


еврокомесарот Јоханес Хан

Северна Македонија и Албанија заслужуваат отворање на преговорите за членство во ЕУ, вели во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ еврокомесарот Јоханес Хан, кој наскоро го напушта ресорот проширување и добрососедска политика во ЕК. Северна Македонија, смета Хан, направи значителен напредок, а најзначајно е потпишувањето на Договорот од Преспа и решавањето на спорот со Грција. „Преспанскиот договор со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор за името е нешто што треба да биде вклучено во книгите по историја. Кога ја презедов фунцијата државата беше сред политичка криза чие решавање бараше години и бројни патувања во Скопје. Почнавме со изјава дека нема да има проширување на ЕУ, а сега пет години подоцна оставаме реален и жив европски пат за Западен Балкан, вели еврокомесарот Хан во интервјуто. Јоханес Хан ќе остане еврокомесар и во новиот состав на ЕК, но ќе биде задолжен за буџет и администрација. Ресорот проширување и добрососедска политика треба да го преземе досегашниот министер за правда на Унгарија Ласло Трошани.

XS
SM
MD
LG