Достапни линкови

Вицепремиерот Османи во работна посета на Шведска


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Шведска, каде што ќе оствари средби со министерот за европски прашања Ханс Далгрен, со министерот за меѓународна развојна соработка Питер Ериксон и со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен. Централна тема на средбите, како што соопшти Кабинетот на Османи, ќе бидат македонскитеевропски перспективи во пресрет на одлуката за почеток на преговорите во октомври оваа година. Во агендата на вицепремиерот Османи за наредниот периодот предвидени се посети на метрополите на земјите членки на ЕУ, почнувајќи од Брисел, во почетокот на следната недела, по што ќе следуваат Берлин и Варшава.

XS
SM
MD
LG