Достапни линкови

Нетанјаху на разговара со Путин за Сирија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска патува во руското одморалиште Сочи на разговори со претседателот Владимир Путин, по помалку од една недела пред изборите во Израел.

Пред заминувањето, Нетанјаху рече дека неговото патување е со цел да продолжи соработката меѓу Израел и Русија за да спречи погрешна комуникација меѓу нивните сили во Сирија. Тој рече дека фокусот на дискусиите исто така ќе биде „ повлекување на Иран од Сирија.“

Москва изрази загриженост поради планот на Нетанјаху за анексија на дел од Западниот брег, велејќи дека неговата имплементација може да ги ескалира тензиите во регионот. Нетанјаху и Путин редовно се состануваа последниве години за да ги координираат воените активности во Сирија во кои се вклучени Русија и Израел.

XS
SM
MD
LG