Достапни линкови

Ахмети: Проблемот со СЈО да го решаваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ


Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска изјави дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство треба да го решаваат двете најголеми македонски партии.

Тој дополни дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

" Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети, кој денеска присуствувапе на отворање на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковиц

XS
SM
MD
LG