Достапни линкови

Џафери утре или задутре ќе закаже седница, ВМРО ДПМНЕ бара разрешување на Јанева денеска


Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека денеска или утре ќе биде закажана итна седница со единствена точка на дневен ред - разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор поради случајот „Рекет“.

„Во секој случај нема да биде на 15 ти. Или утре или сабота. Во последен ден да се одржи седница нема ни смисла ни потреба“ изјави Џафери

Тој претходно информираше дека до 15 ти ќе биде закажана седницата, и појасни дека седницата досега не била одржана бидејќи се чекало на исходот од лидерската средба која заврши без договор за новиот Закон за јавно обвинителство.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак бараат Катица Јанева веднаш да се разреши, за да може до 15 ти да се избере нов специјален обвинител.

" Инсистираме тоа да биде денескa, а не за два до три дена. Веднаш да се свика седница, за да има време Советот на јавни обвинтели да го разгледа предлогот и да ја разреши Јанева“ изјави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

Во недела и истекува мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

XS
SM
MD
LG