Достапни линкови

Вишеградската група ја повика ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија


Заедничка фотографија на премиерите од Вишеградската група и премиерите од Западен Балкан на денешниот Самит во Прага

Премиерите на државите од Вишеградската група на денешната средба во Прага со премиерите од Западен Балкан, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, усвоија Декларација на Вишеградската група за Западниот Балкан.

Вишеградската група ја повика ЕУ да донесе одлука за почнување преговори со Македонија и со Албанија.

„Во текстот на Декларацијата се нагласува дека политиката на проширување на Европската Унија е значајна алатка со непроценлива вредност за постигнување безбедност, стабилност и просперитет во Западниот Балкан; оттаму, постоењето на кредибилна политика за проширување претставува стратешка инвестиција за безбедноста, стабилноста и просперитетот и на Европската Унија. Во овој документ на Вишеградската група се напоменува дека пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги и кој целосно зависи од објективно постигнатиот напредок, и се повикуваат сите засегнати страни во ЕУ, а во однос на октомврискиот Совет за општи работи, да го задржат и зајакнат позитивниот импулс и енергијата која произлезе од напредокот во реформите и од стапувањето во сила на историскиот Преспански договор, преку отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија“, стои во соопштението од прес-службата на македонската Влада.

XS
SM
MD
LG