Достапни линкови

СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме нашите предмети на ЈО


СЈО денеска соопшти дека е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази на Јавното обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за СЈО, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од СЈО објавено на нивната веб страница.

Од СЈО соопштуваат и дека, постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство е доставено известување дека СЈО е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето на предметите, од СЈО посочуваат ќе информираат дополнително.

XS
SM
MD
LG