Достапни линкови

Џафери до 15 септември ќе закаже седница за разрешување на Јанева


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска информираше дека до 15 септември ќе биде закажана итна седница со единствена точка на дневен ред - разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор поради случајот „Рекет“.

Тој појасни дека седницата досега не била одржана бидејќи се чекало на исходот од лидерската средба која заврши без договор за новиот Закон за јавно обвинителство.

„Клучно беше да имам писмена согласност од сите партии за разрешување на Катица Јанева“, изјави Џафери.

XS
SM
MD
LG