Достапни линкови

Трамп одобри продажба на авиони Ф-35 на Полска


борбен авион од типот Ф-35

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на Полска на 32 борбени авиона од типот Ф-35, за кои се смета дека се најнапредни американски летала. Зделката е во вредност од 6 ипол милијарди долари и сега треба да биде одобрена од Конгресот. Варшава постојано го зголемува воениот буџет по руската воена интервенција на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и откако Москва почна да ги поддржува сепаратистите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG