Достапни линкови

Премиерот Заев на состанок на Вишеградската група


Вишеградската група

Премиерот Зоран Заев престојува во еднодневна работна посета на Република Чешка. Тој ќе учествува на „Самитот на премиерите на државите од Вишеградската група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан“. Вишеградската група ја сочинуваат Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Ќе стане збор за соработката меѓу земјите од двата региона. На состанокот нема да учествува премиерот на Косово Рамуш Харадинај поради, како што е соопштено, обврски кои ги имал на Косово. Од друга страна, приштинските медиуми пренесоа дека повод за таквата одлука е изјавата на чешкиот претседател Милош Земан дека ќе го покрене прашањето за повлекување не чешкото признавање на Косово.

XS
SM
MD
LG