Достапни линкови

Села: СЈО треба да се зачува


Зијадин Села и Арбен Таравари

Алијансата за Албанците денеска реагираше што како политичка партија не била поканета да присуствува на лидерската средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лидерот на партијата Зијадин Села вели дека на вакви средби треба да учествуваат четирите најголеми политички партии. Тој тврди дека за него нема да биде прифатлив ниту еден договор донесен меѓу еден блок политички партии.

„СЈО треба да се зачува. За тоа имаме 27 амандмани во предлогот за новиот закон за јавно обвинителство. Ист предлог слушаме на преговорите, премиерот му го предлага на Мицкоски“ вели Села.

Алијанса за Албанците предлага во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, поточно од земјите од ЕУ или од САД.

XS
SM
MD
LG