Достапни линкови

Земан: Би сакал Чешка да го повлече признавањето на Косово


Чешкиот претседател Милош Земан во дводневна посета на Белград

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека би сакал неговата земја да го повлече признавањето на Косово како суверена нација. Тој во неговиот говор денеска при посетата на Белград истакна дека за ова ќе разговара со чешките пратеници.

„Тоа што можам да го кажам е дека за отприлика еден месец кога ќе се состанат највисоките органи од власта во земјата, ќе го поставам прашањето дали е можно тоа да се направи. Министерот за одбрана Лубомир Метнар веќе изјави дека беше грешка што ја признавме независноста на Косово, така да барем тој ќе биде на моја страна, а кој ќе биде на другата страна ќе видиме за еден месец“ изјави Земан.

По ваквата изјава, со коментар се огласи и претседателката на чешкиот сенатЈарослава Кубера која изјави дека таквата изјава на претседателот за Чешка да го повлече признавањето на Косово е нереална.

Како одговор на изјавата на чешкиот претседател Земан, Косово нема да присуствува на утрешниот самит во Прага каде што премиерите од неколку балкански земји ќе се сретнат со колеги од земјите членки на ЕУ како Чешка, Унгарија, Полска и Словачка, соопшти портпаролот на чешката влада.

XS
SM
MD
LG