Достапни линкови

Дописот на Јовески стасал во СЈО, утре ќе објавеле што понатаму


Љубомир Јовески

СЈО го доби дописот што до нив го испрати државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за префрлање на предметите, потврдиле за МИА од Специјалното обвинителство. За следните чекоти, како што рекле од СЈО, ќе известат утре, преку соопштение за јавноста.

Јовески вчера рече дека Обвинителството е подготвено и има капацитет да постапува по сите кривично правни предмети од СЈО и оти се надева дека процесот ќе тече брзо. Тој смета дека по преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

XS
SM
MD
LG