Достапни линкови

Во четири години четврти избори во Шпанија?


Шпанскиот премиер Педро Санчез има рок до 23 септември да формира Влада.

По пропаѓањето на преговорите помеѓу екстремно левичарската партија Подемос и привремената социјалистичка влада на Шпанија, премиерот Педро Санчез до 23 септември треба да формира мнозинска коалиција или да се соочи со уште едни избори. Ако преговорите не успеат и изборите се одржат, тоа ќе бидат четвртите избори во исто толку години во земјата, пренесуваат светските новински агенции.

„Јасно е дека работата на двата преговарачки тим е завршена, стигнавме најдалеку што можевме, сега се е во рацете на лидерите на партијата, Педро Санчез и Пабло Иглесијас“, изјави за Јуроњуа, Хуан Лопез Уралде, пратеник од Подемос и член на преговарачкиот тим.

XS
SM
MD
LG