Достапни линкови

Харадинај: Српска пропаганда за повлекување на признавањата на Косово


Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска предупреди на опасност од „српската пропаганда“ против неговата земја заради, како што рече, напорите на Белград да се повлечат признавањата на косовската независност, објави косовскиот весник „Газета Експрес“.

„Продолжуваат обидите на Србија за укинување на меѓународното признание на суверенитетот на Косово“, изјави Харадинај.

Харадинај ја коментираше и смената на Џон Болтон од позицијата советник за национална безбедност, од аспект на можните решенија на дијалогот Приштина - Белград.

„За САД Косово е линија на фронтот. Убеден сум дека САД ќе бидат со Косово. Слушнавме многу гласини. Никој во САД не ја поддржува поделбата на Косово, вклучувајќи го и Болтон“, рече Харадинај.

XS
SM
MD
LG