Достапни линкови

Советникот за безбедност на Трамп си заминува од Белата куќа


Џон Болтон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ објави дека го известил својот специјален советник за одбранбена политика оти неговата услуга повеќе не му е потребна.

„Го известив синоќа Џон Болтон дека неговите услуги повеќе не се потребни во Белата куќа. Имав големо несогласување со неговите предлози, како и другите во администрацијата. Затоа побарав негова оставка, која му ја врачив утрово. Му се заблагодарувам на Џон за неговите услуги“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тој најави дека следната недела ќе објави кој ќе го наследи Болтон на оваа функција. Според одредени медиумски извештаи зад оставката, меѓу другите, стои и државниот секретар Мајк Помпео, кој не се согласувал со многу од политиките што ги заговарал сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Трамп, конкретно во однос на односите со Северна Кореја или мировните преговори со талибанците во Авганистан.

XS
SM
MD
LG