Достапни линкови

Од земјите на ЕУ во Албанија вратени 104 нејзини државјани


илустрација

Од државите на Европската унија во Тирана денеска се вратени 104 државјани на Албанија, кои ги прекршиле правилата за престој во земјите на ЕУ или барале азил. Според извештај на албанската државна полиција, завршена е уште една операција на доброволно враќање на граѓани кои побарале азил или прекршиле правило за престој во шенген просторот, а во неа учествувале полициите на Франција, Белгија и Германија, пренесе АТА. Од вкупниот број депорторани, од Франција се вратени 15 , од Белгија пет и од Германија се вратени 84 албански државјани.

Операцијата на репатријација ќе продолжи и во следните недели, па државната полиција уште еднаш апелираше до сите албански државјани кои патуваат во земјите на ЕУ да ги почитуваат правилата за движење во шенгенскиот простор и да не се обидуваат да бараат азил бидејќи шанските тоа и да го остварат им се никакви.

XS
SM
MD
LG