Достапни линкови

Најмалку 30 мртви во стампедо во Ирак


илустрација

Најмалку 31 лице загинале во стампедо додека се одбележува шиитскиот ритуал Ашур во ирачкиот град Карбала, соопштија властите. Портпаролот на Министерството за здравство изјави дека уште 100 лица се повредени и предупреди дека бројот на загинати може да биде поголем. Според извештаите, стампедото се случило кога еден аџија се сопнал додека илјадници верници го вршеле обредот.

Најмалку 965 аџии починаа во стампедо на мостот над реката Тигрис во Багдад, Ирак, во 2005 година. Според очевидци меѓу верниците се проширила паника поради гласини за бомбаши-самоубијци.

XS
SM
MD
LG