Достапни линкови

ЈО: Немаме пријава од бизнисмен за „Рекет“ со компромитирачки снимки


Во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал досега не е пристигната пријава од бизнисмен за изнуда или друго кривично дело поврзано со наводни компромитирачки видео материјали. Ова е наведено во одговорот за Радио Слободна Европа од Обвинителството поврзани со последните информации во дел од медиумите дека меѓу рекетираните е бизнисмен уценуван со компромитирачки снимки.

Од Обвинителството велат дека ги следат сите информации што се пласираат во јавноста.

„До сега бизнисменот за кој покажувате интерес нема пријавено изнуда или друго кривично дело поврзано со наводни компромитирачки видео материјали. Доколку во иднина се утврдат елементи на кривично дело поврзани со ваквите наводи обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството во писмениот одговор на прашањето дали постапуваат по допрен глас, откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со обвинување за нов скандал во јавноста.

Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение посочи дека аферата „Рекет“ зема нови димензии кои како што велат имплицираат вмешаност на разузнавачките служби во „Рекет“ и нивна злоупотреба.

„Медиумите во Македонија изминатите денови пренесуваат дека македонски бизнисмен бил уценуван со компромитичарчки снимки кои потекнуваат од разузнавачките служби на Република Македонија. Од бизнисменот преку Меѓународниот сојуз на Боки 13 биле изнудени стотици илјади евра, а компромитирачките материјали се наоѓале во телефонот на рекетарот, се вели во нивното писмено соопштение.

XS
SM
MD
LG