Достапни линкови

Мицотакис: Турција продолжува да провоцира за Кипар


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Турција продолжува да провоцира во својот пристап кон етнички поделениот Кипар и дека Анкара е меѓународно изолирана. Кирјакос изјавата ја даде за време на средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасијадес, пренесе АП.

Посетата на Анастасијадес следува еден ден откако напорите за започнување разговори за повторно обединување наидоа на пречка, кога турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека кипарските Грци мора да се согласат дека кипарските Турци ќе имаат паритет во владеењето на земјата пред да продолжат разговорите, соопшти агенцијата.

XS
SM
MD
LG