Достапни линкови

Ребалансот на буџетот пред собраниската Комисија на 18 септември


Илустрација - Фотографија од седницата на Комисијата за буџет во 2018 година

Собраниските служби информираа дека ребалансот на Буџетот најверојатно на 18 септември ќе биде на дневен ред во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…

Поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции од иницијално планираните 25,9 милијарди намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација.Вкупното намалување на капиталните инвестиции изнесува 50 милиони евра.

XS
SM
MD
LG